Два нови случаи на шуга во Табановце

by Фокус

Два нови случаи на кожната болест шуга се регистрирани меѓу бегалците на Табановце.

Бројката на присутните бегалци и економски мигранти во транзитниот центар Табановце се уште го надминува расположивиот капацитет, јавува регионалниот Центар за управување со кризи, со регистрирани вкупно 483 бегалци од Авганистан , 386 бегалци од Сирија, 92 од Ирак, како и шестмина економски мигранти од Мароко, двајца од Еритреја, едно лице од Тунис и Либија, 21 од Иран, 11 од Алжир и 7 економски мигранти од Пакистан.

Според податоците на РЦУК, на граничниот камен со Србија, бројката на бегалците кои повеќе од десет дена се сместени во шатори изнесува 339 лица.

Поврзани новости