ЕУ ќе организира донаторска конференција за обнова на Албанија по земјотресот

by fokus

Европската комисија денес соопшти дека во јануари ќе биде одржана донаторска конференција за обнова во Албанија по земјотресот во кој загинаа 51 лице.

Претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен изјави дека земјите на ЕУ се обврзале дека ќе пружат помош за „долгорочна обнова“.

Над 113.000 луѓе останаа без покрив над главата по земјотресот кој оштети околу 14.000 објекти. Експертите и понатаму ја проценуваат штетата.

Албанските власти побараа меѓународна финансиска помош за обновата која би требало да биде завршена до крајот на 2020 година. Владата издвои околу 117 милиони долари за реконструкцијата на оштетените области.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер на 26 ноември го погоди јадранскиот брег на Албанија.

 

Поврзани новости