Налог за апсење на 17 лица, по страотниот земјотрес во Албанија

by fokus

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени минатиот месец кога се срушија десетици згради, соопшти полицијата, додавајќи дека денеска девет лица се уапсени.

Полицијата и обвинителите наведуваат дека првичните истраги покажале оти една од причините за жртвите во срушените згради е тоа што градителите, инженерите и инвеститорите не се придржувале кон безбедносните правила, норми и стандарди за градење, пренесува „Ројтерс“.

Од деветте уапсени лица, двајца се сопственици на два хотели кои се срушија во Драч кога загинаа четири лица, а третиот е менаџер на хотели кој бил наменет за одмор на полицијата и во којшто загина високо рангиран полициски службеник.

Од полицијата велат дека и двата хотели крај брегот на Јадранското Море биле изградени нелегално.

Се наведува и дека дел од 17-те лица што ги бара обвинителството избегале по земјотресот на 26 ноември.

Поврзани новости