463
Новиот извештај за напредокот на Македонија кој се очекува да го објави Европската комисија ќе има посебен дел посветен за судството, брифираат дипломатски извори за 24 Вести.
Неофицијално, во извештајот посебно ќе се третира и формирањето на посебно судско одделение во Основниот суд Скопје 1 кое ќе работи на предметите на Специјалното јавно обвинителство, а кои произлегуваат од прислушуваните разговори.
Новиот извештај за напредокот на земјата се очекува да биде објавен во ноември, во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември.