499
Европска Унија ќе ги отстрани Србија и Црна Гора од листата безбедни земји, додека за вклучувањето на САД на листата не ни било разговарано, со оглед на големиот раст на инфицирани лица со Ковид-19, јавија западните медиуми повикувајќи се на неименнувани извори.
Отстранувањето на Црна Гора и на Србија од листата на безбедни земји е на предлог на претседатвачот на ЕУ, Германија. Предлогот вчера бил поддржан од неколку држави, вклучително Франција, Шпанија и Холандија.
Одлуката официјално треба да биде потврдена на денешниот состанок на дипломатите на ЕУ.
Листата е само препорака. Сите земји-членки на ЕУ не ги применуваат нејзините одредби.
Двете балкански држави ќе бидат избришани од листата поради зголемено ширење на Ковид-19.