Тело на мртва жена најдено во стан во Велес

by Frosina Fakova

Тело на почината 66-годишна жена било најдено денеска на пладне во стан на улица „8 Септември“ во центарот на Велес, во таканаречената Свиларска зграда, кај поранешна библиотека. Телото било најдено откако во полиција реагирале комшиите поради неподнослива миризба која почнала да се шири од станот на жената, која живеела сама.

– Полицијата ја повикала екипата на Територијалната противпожарна единица од Велес која ја скршила бравата и влегла во станот каде било најдено безживотното тело на жената, изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појасни дека била повикана медицинска екипа на Брза помош која констатирала смрт без траги на насилство.

На телото на жената не се констатирани траги на насилна смрт, поради што телото на починатата жена не било дадено на обдукција.

Поврзани новости