ЕУ ќе додели два милиони евра за настраданите на протестите во Белорусија

by Frosina Fakova 18:17
18:17

Европската унија ќе одвои два милиони евра во наредните денови, кои ќе бидат дистрибуирани преку невладини организации за поддршка на настраданите на протестите во Белорусија. Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Верхеjи при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Берлин.

– Дел од средствата веќе се подготвени за дистрибуција. Буквално во блиска иднина ќе можеме да обезбедиме два милиони евра за поддршка на луѓето погодени од протестите, рече тој.

- Advertising -

Претходно, ЕК објави дека еден милион евра ќе одат за развој на граѓанското општество, два милиони евра за поддршка на настраданите во протестите и 50 милиони евра за борба против пандемијата на коронавирус, а сите парични средства ќе бидат распределени во невладини организации.

Поврзани новости