Пендаровски: Ме изненади предлогот на Заев за широка влада, ништо не може без странците

by Фокус

Не бегам од свикување лидерска средба за отворените политички теми, но прашање е дали би била успешна,  од помош може да биде вклучување на меѓународниот фактор, истакна претседателот Стево Пнедаровски во интервју на ТВ 21.

– ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во изминатиот период имаа средби за одредени прашања и беа непродуктивни. Ако тие средби биле неуспешни, зошто би било поинаку ако ги свика претседателот. Не бегам од тоа, но има флоскула дека она што не може да се договори во Собранието, комисите,… ќе се договори на лидерска средба. Тоа би можело само ако се вклучи меѓународен фактор, инаку шансите за успех се мали – вели Пендаровски.

Околу идејата на премиерот Зоран Заев за формирање широка влада во која би влегла и опозицијата, но без Христијан Мицкоски, Пендаровски кажа дека изјавата на Заев го изненадила, зашто, како што рече, станува за нешто што досега се нема случено.

– Идејата е отфрлена и нема да заживее во наредните години и децении. Штета, зашто може да се следи и примерот на Германија каде што тоа функционира добро. Можеме во концентрациона влада, но само ако не притиснат странците. Треба да седнеме и да покажеме дека за некои точки можеме сами да се договориме – изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, се уште не е поминато времето кога мора да пристиснат странците за да се заврши некоја работа, зашто, смета претседателот, се уште немаме политичка култура.

Поврзани новости