619
Европската комисија соопшти дека испратила хуманитарна помош од 150 илјади евра за жителите погодени од поплавите во Скопско.
-ЕУ ја зголеми поддршката за Македонија во ова тешко време со нова хуманитарна помош. Ја зголемивме и нашата асистенција за да има подобра покриеност во дистрибуција на храна и вода кај поплавените подрачја – рече Кристор Стилианидес, ЕУ комесар за хуманитарна помош и менаџмент на кризи.
Претходно, на осми август ЕУ го активираше и механизмот за цивилна заштита и испрати тим од експерти за помош во поплавените подрачја.