ЕУ го казни ТикТок со 345 милиони евра за прекршување на приватноста на децата

by Fokus

ТикТок е казнет со 345 милиони евра поради прекршување на Законот за приватност во врска со обработката на личните податоци на децата во Европската унија, соопшти денеска водечкиот регулатор во Европската унија.

Платформата за кратко видео во кинеска сопственост, која рапидно растеше во популарност кај тинејџерите ширум светот, прекршила голем број закони на ЕУ за приватност помеѓу 31 јули 2020 година и 31 декември 2020 година, се вели во соопштението на ирската Комисија за заштита на податоци (ДПЦ).

Ова е прв пат ДПЦ , водечкиот регулатор на ЕУ за многу големи светски технолошки компании,  да го казни ТикТок во сопственост на Бајтденс

Бројни светски компании ја избраа Ирска за регионален центар, па ДПЦ е еден од клучните регулатори.

Портпаролот на ТикТок објави дека не се согласува со одлуката, особено со висината на казната, и дека повеќето критики повеќе не се релевантни поради мерките што ТикТок ги воведе пред да започне истрагата на ДПЦ во септември 2021 година.

Поврзани новости