ЕУ ги суспендира институциите, сама ќе ги менаџира грантовите за Македонија

by fokus

Европската унија во последниот објавен повик од програмата ИПА 2 ги суспендира македонските институции од менаџирањето на парите и  самата ќе ги дели грантовите и ќе потпишува договори.

– Со најновиот повик вреден три милиони евра за прекугранична соработка со Албанија, сите заинтересирани кои имаат проекти, ќе склучуваат директни договори со канцеларијата на ЕУ во Скопје. Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе има улога на единствен договорен орган со кој ќе се склучуваат договорите -рече ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар.

Претходно, Европската Унија скрати дел од парите од фондовите наменети за Македонија, поради неспроведените реформи во земјата и потребата од поголем административен капацитет за да ги користи средствата.

Поврзани новости