Јанева: Има сериозни индиции дека изборите од 2011 досега се нелегитимни

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на пратеничките прашања рече дека прислушуваните материјали ги доведуваат до прашање изборите од 2011-та година до сега.

– Околу легитимноста на Собранието, би сакала да кажам дека според прислушуваните разговори, има сериозни индиции според кои доведени се во прашање изборите од 2011 година досега – рече Јанева.

На ова, пратеникот Илија Димовски рече дека ако Јанева не верува дека Собранието има легитимитет, таа треба да се повлече и да си даде оставка, а СЈО да ги врати парите кои ги одобри токму ова Собрание.

– Немам намера да се повлечам, ниту да дадам оставка. Јас не се плашам од никој – одговори Јанева.

Освен ова, специјалната јавна обвинителка рече дека СЈО работи во лоши услови, а најмногу ја забавило нивната работа одлуката за аболиција од претседателот.

-Добро се сеќавам на неговата изјава, иако сакам да ја заборавам. Тој рече дека се што ние ќе направиме ќе биде помилувано. Оттука доаѓа малиот број на случаи на СЈО. Исто така, би требало да ви кажам дека барам повеќе време затоа што предистражните постапки траат долго. Одговорите што ги чекаме од институциите не стигнуваат на време – се пожали Јанева.

Седницата на собраниската комисија, на која се расправа за вториот шестмесечн извештај на СЈО, се уште е во тек.

Поврзани новости