Јанева: За случајот „Монструм” не можеме да добиеме ни увид, а не пак надлежност

by fokus

На пратеничкото прашање дали Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе случаите „Монструм“, „Сопот“, и „Диво Насеље“, обвинителката Катица Јанева рече дека нив не можат да ги добијат ниту на увид, а не да побараат надлежност.

Ова прашање го постави пратеникот Рафиз Алити од ДУИ, потенцирајќи дека јавноста има право конечно да ја дознае вистината.

На прашањето на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали обвинителите за кои Јанева изјави дека нема потреба од нив биле истерани од СЈО затоа што не сакале да поднесат обвинение за случајот „Транспотер“, обвинителката рече дека тие воопшто не учествувале во тој случај.

Јанева информираше и дека според прислушуваните разговори, ималo сериозни индиции кои ги доведуваат до прашање изборите од 2011 година досега.

На ова, пратеникот Илија Димовски рече дека ако Јанева не верува дека Собранието има легитимитет, таа треба да се повлече и да си даде оставка, а СЈО да ги врати парите кои ги одобри токму ова Собрание.

– Немам намера да се повлечам, ниту да дадам оставка. Јас не се плашам од никој – одговори Јанева.

Поврзани новости