СМС комуникација на Вељаноски и Ѓошевски на 27 април: “Бидете на штрек”!

by fokus

На дененото рочиште за случајот “27 април”  се презентира вештачењето на телефоните на дел од обвинетите, а се читаат и нивните смс и вибер пораки.

Како што рече обвинителката Вилма Русковска ќе се започне со телефонот на Трајко Вељановски, кој не е меѓу обвинетите за овој случај, но очигледно е важно за обвинителството со кого и што разговарал.

Како што појасни обвинителката, ќе се презентираат пораките на Вељановски кои ги праќал на вибер во периодот од 3 февруари 2017 година до 12 мај 2017 година, и смс пораки во период од 23 февруари 2017 година до 29 април 2017 година.

Критичниот ден на 27 април, во 17.48 часот му праќа порака на шефот на собраниското обезбедување Горан Ѓошевски со содржина “бидете на штрек”. Веднаш по една минута добива пораки од Ѓошевски со содржина: “Да”. Потоа му вели “Сите знаат и од МВР.

Потоа Ѓошевски му пишува: “Пред сала се сите од внатрешно обезбедување”.

Во 18.04 часот Вељановски пак му пишува на Ѓошевски и му вели:” Кажи им на внатрешна двајца-тројца да влезат внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место”.

Поврзани новости