ДОМ: Итни мерки против загадувањето на воздухот

by fokus 11:37
11:37

Со цел да се намали загадувањето на воздухот во градовите,  ДОМ предлага серија итни мерки:

  1. Интензивни инспекциски контроли врз можните извори на штетни емисии, особено на индустријата, сервисите, дивите депонии и стрништата , од страна на државниот и локалните инспекторати.
  2. Набавка на опрема за снимање (телескопски камери) и поставување на високите објекти во градовите, за да се лоцираат изворите на штетните емисии, по примерот на Белград.
  3. Намалување на ДДВ-то за надоместокот за парно греење од 18% на 5% за да се зголеми бројот на корисници, а со тоа да се намали емисијата на РМ 10 честичките.
  4. Воведување посебна програма за квалитет на воздух во Министерството за животна средина и просторно планирање (со посебна буџетска ставка), за да се обнови мрежата на мониторинг станици, да се опреми акредитирана централна лабораторија и др. активности.
  5. Субвенции на домаќинствата за топлински пумпи, инвертер клима уреди и други чисти технологии.
  6. Замена на греењето со нафта во градинките, училиштата, здравствените и други јавни објекти со греење на гас, топлински пумпи и други чисти технологии.
  7. Воведување добра градежна пракса во градежништвото (оптимизација на работата на машините заради заштеда на горивото; покривање на песок и чакал со фолија; прскање со вода; миење на гумите на возилата и друго). Во деновите со екстремно загадување да се стопираат градежните работи во градовите.
  8. Во сообраќајот да се поттикне користењето на јавен транспорт преку:
  • набавка на нови автобуси и воведување нови линии
  • намалување на цената на месечен автобуски билет во зимските месеци за 50% и воведување на “зелен” дневен билет што важи за сите правци
  • зголемување на цената за паркинг во општина Центар за 100%
  • воведување на зонско паркирање и наплаќање на паркинг во сите општини
  • подобрување на проточноста на сообраќајот и намалување на времето на чекање на раскрсници преку воведување на приоритетна лента за автобуси и управување со семафорите.
  1. Редовно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите сметлишта од страна на јавните комунални претпријатија. 

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира до граѓаните:

- Advertisements -

  • да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво или медијапан
  • да користат јавен градски транспорт и велосипеди
  • при превоз со автомобил, да користат споделен превоз (повеќе патници во еден автомобил).

Поврзани новости