Стефанова: Јанакиески и Божиновски на ист начин како Груевски се подготвувале да избегаат

by fokus

Денешното рочиште за случајот “Титаник” ќе се одложи бидејќи судијата Осман Шабани утринава бил известен дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се во притвор, па затоа немал време да испрати наредби до затворот за да ги донесат на судење.

На рочиштето не се појави ниту обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Обвителката Лиле Стефанова истакна дека сака да појасни за обвинетиот Груевски кој е во бегство и за двајцата кои завршија во притвор.

-Доцна синоќа Кривичниот совет ги уважи нашите барања да им одреди мерка притвор. Вчера добивме информација дека покрај Груевски, кој избега на очиглед на сите институции, на ист начин се спремале да иизбегаат и Јанакиески и Божиновски, рече Стефанова.

Таа потсети дека уште во фаза на поднесување на обвинителниот акт бил побаран притвор, но судот им одредил поблаги мерки иако го прифатил фактот дека постои можност од бегство.

Таа најави дека притвор ќе бара и за други обвинети доколку добијат сомнеж дека се спремаат за бегство.

Обвинителката Стефанова побара од судот на обвинетиот Груевски да му се суди во отсуство, и од наредното рочиште да продолжи главната расправа за случајот.

В.В.

 

Поврзани новости