Јанкулоска: Мерките за претпазливост ги почитувам, нема причина да бидат преиначени

by fokus

Екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска порача дека мерките за претпазливост што ги има ги почитува, додавајќи дека не постои причина да бидат преиначени.

„Мерките за претпазливост ги почитувам, не постои никаква причина да бидат преиначени“ – рече Јанкулоска.

Таа е осудена на 6 години затвор, а и е одземен пасошот и мора да се јавува во судот. Исто така, и беше издадена мерка забрана за напуштање на живеалиштето, односно Скопје.

Поврзани новости