АД ЕСМ со своето производство од термоелектраните, хидроелектраните и ветерниот парк во Богданци произведува електрична енергија која 100 отсто, односно во целост ги покрива потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува за увоз на струја е само игра на бројки и мешање на потрошувачката на слободниот и регулираниот пазар.
Ова го тврдат за „360 степени“ од АД ЕСМ по денешното обвинување од опозициската партија дека РЕК „Битола“ и „Осломеј“ работат со половичен капацитет и дека струја се увезува.
-За 24.10.2022 година ‘ЕВН хоум’ навел дека потрошувачката на електрична енергија на регулираниот пазар ќе биде 8 146 мегават-часа. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува за 13 000 мегават-часа е вкупната потрошувачка на струја во државата тој ден, заедно со слободниот пазар. Од партијата ги имаат измешано слободниот и регулираниот пазар, велат од ЕСМ.