Политички саем на ВМРО-ДПМНЕ за отчет на градоначалниците

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ, викендов, на 5 и 6 ноември, во Скопје ќе организира политички саем за отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.

Како што соопштија од партијата, слоганот под кој ќе се одвива настанот првпат го организира која било политичка партија е „Саем на промените што носат иднина”, а ќе го отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица други теми.

Поврзани новости