Врабовски по втор пат за десет дена донира храна во Македонија, вклучени и семејства од Богданци и Скопје!

by fokus

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, Милен Врабовски, кој е на чело на Фондацијата Бугарска меморија, повторно, во рок од десет дена, донираше храна на македонски семејства од социјален ризик.

Овојпат, поводот за неговата донација бил бугарскиот празник Ден на народните будители, а пакетите со храна освен во Битола и Охрид, како што тоа се случи претходно, сега биле донирани и во Богданци и Скопје.


Фотографии од храната се објавија на страницата на клубот ,,Цар Борис Трети” Охрид, од каде појаснуваат дека донацијата од Врабовски е по повод бугарскиот празник.

Инаку, Денот на народните будители во Бугарија се празнува како ден на сите заслужни Бугари, односно како што е појаснето во бугарската Булпедиа, Свети Наум Охридски, Свети Кирил и Методиј, Климент Охридски, браќата Миладинови, Христо Ботев, Васил Левски и многу други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости