Ескобар очекува предлог од косовската влада за Заедница на српски општини

by Фокус

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, вели дека очекува до 2 мај, кога е закажана нова средба на лидерите на Србија и Косово во Брисел, владата во Приштина да излезе со предлог за Заедницата на општини со мнозинско српско население.

-Се надевам дека до 2 мај ќе има изводлив нацрт – рече Ескобар за албанскиот сервир на Гласот на Америка.

Тој вели дека има напредок во однос на прашањето за заедницата и, како наведува, „голема еволуција во односот на Владата на Косово, а особено на премиерот Албин Курти да ја прифати обврската која произлегува од анексот за спроведување на договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

-Тоа е постоечка обврска, според Бриселскиот договор, што беше многу тешко за владата, а особено за таа партија, да го прифатат како обврзувачки, но сега зборуваат за тоа како обврска. Тие се согласија на тоа и јавно кажаа која е рамката и кои треба да бидат параметрите за формирање на заедницата, а ние се согласуваме со тие параметри – истакна Ескобар.

Поврзани новости