Ескобар до Вучиќ и Курти: Држете се до Договорот од Охрид!

by Fokus

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан – Габриел Ескобар денеска ги повика Белград и Приштина да се вратат на спроведувањето на Охридскиот договор и укажа на неговата важност.

Вакво барање, како што пренесува порталот Репортерс, упатил тој на средбата што ја имал со претставници на Американската стопанска комора на Косово, на тема стабилност на Балканот и поширок регионален мир.

Во соопштението за медиумите на таа комора се наведува дека претходно за време на дискусијата во американскиот Стејт департмент, тој ја подвлече „длабоко вкоренетата врска“ меѓу народот на САД и на Косово, и повторно ја истакна важноста на Охридскиот договор и ги повика Белград и Приштина брзо да го спроведат, пренесува Репортерс.

Амбасадорот на САД во Србија – Кристофер Хил вчера изјави дека на претстојните разговори во Србија и Косово и на Белград и на Приштина ќе им бидат претставени „интересни предлози“.

Поврзани новости