Вистински хаос владее вечерва во Солун по организираните протести против договорот од Преспа. Протестот ескалираше кога педесетина маскирани демонстранти почнаа да фрлаат молотови коктели врз полицијата.
Целта на демонстрантите беше да упаднат во зградата каде што се наоѓа премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас. Но, полицијата употребувајќи солзавец и шок бомби успеа да ја заштити зградата каде се одржува меѓународен саем.
Протестите се организирани од страна на „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“ кои се противат на договорот од Преспа. Овие протести зачестија во последниов период, откако дипломати од Запад допатуваа во земјава и дадоа поддршка на референдумот и договорот кој беше потпишан во грчкиот дел од Преспа.
Демонстрантите вечерва тргнаа од Белата кула во Солун порано од предвидениот термин извикуваа погрдни слогани против солунскиот градоначалник Бутарис и грчкиот премиер Ципрас.
Протестите продолжуваат, а говор пред зградата каде се одржува меѓународниот саем треба да одржи Ципрас.