Од јавното претпријатие „Водовод и канализиација-Скопје“ информираат дека денеска почнува акцијата во која корисниците кои имаат заостанати долгови за вода, ќе имаат можност истите да ги плаќаат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
„Официјално започна акцијата која ја најавивме, во периодот од 02.04.2018 до 15.05.2018 година корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање“ се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализиаја – Скопје.
Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.