БЕСА бара од Заев да го разреши Каевски

by fokus

Движењето Беса бара од Владата да го разреши директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, откако изби скандалот со збирката поезија „Млади поети“. Според БЕСА овој скандал не смее да помине без казнување. Збирката, додаваат од таму, користи навредлив јазик кон Албанците.

„Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и Владата го подржува таквото издание. Ако авторот на поезијата се откажува од авторството, ако директорот на Агенцијата за млади и спорт крева рамена дека не знае што случува, ова е шанса премиерот да докаже дека тој се грижи за мултиетничкото општество. Инаку, ќе треба да констатираме дека сите тие подржуваат такви т.н. поезии“, велат од Беса.

Само ако Заев го разреши Каевски, ќе докаже, како што велат, дека мотото „Едно општество“ не било само блеф за политички поени.

„Неговото разрешување денеска ќе служи како лекција и за сите други утре кои може да изразат такви тенденции за дискриминација и навреда. Ако директорот на оваа Агенција не поднесе оставка, барем од морални причини, тогаш тој треба да биде разрешен од политички причини“, порачуваат од Беса.

Поврзани новости