ВИДЕО Воз удри во автобус во скопско Свиларе, повредени возачот на автобусот и еден патник

by fokus

Две лица се повредени во железничка несреќа што вчера утрината се случила во скопското село Свиларе, откако товарен воз удрил во автобус. Со повреди се здобиле возачот на автобусот и 45-годишен патник со иницијали М.М.

„На 04.11.2018 година околу 10,15 часот во село Свиларе, скопско на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско. Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош. Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот“, информираа од полицијата.

Жителите на овие села велат дека не е прв пат да се случи несреќа од ваков вид. За камерите на ТВ21 тие велат дека пред пругата мора да се постави рампа, а не семафор, како бил се зголемила безбедноста.

Поврзани новости