Јанакиески: Да му е..м мајката, што народ ќе сме, националистите од Италија не можеле да станат рано за гласање!

by fokus

Неколку дена пред вториот изборен круг во Оштина Центар, за локалните избори во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ имале проблем со одрганизација на транспортот на иселениците од Италија и Швајцарија. Во последен момент откажуваат два авиони и бараат нови, бидејќи иселениците не можеле да станат рано во неделата, па барале летот да биде во сабота.

“Националистите не можеле да станат рано сабајле. Тие од Италија требало да стигнат во два, па им било рано. Да му е..м мајката, што народ ќе бевме!, му вели Јанакиески на соговорник.

Од разговорот можеше да се слушне и дека од Иатлија требало да пристигнат околу 300 гласачи, а од Швајцарија 100.

Овој разговор денеска беше објавен на судењето за случајот “Титаник”, во кој што за изборни манипулации се обвинети повеќе поранешни функционери, меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски.

Поврзани новости