ВИДЕО Местото од покривот на ГТЦ кое ќе добие зеленило

by fokus

ГТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина вчера го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар и Ѓоко Трајчевски, Директор на ГТЦ.

– ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите – рече Шилегов.

Местото каде ќе има зелен кров

Ова е местото каде ќе има зелен кров на ГТЦ

Publiée par Град Скопје sur Vendredi 15 février 2019

Поврзани новости