Вељаноски: Немате 2/3 мнозинство за менување на Уставот

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, се обрати денеска после премиерот Зоран Заев, на комисиската расправа во Собранието за пристапување кон измена на Уставот каде и порача на власта дека нема 2/3 мнозинство за уставни измени. Менувањето на Уставот, рече тој, е спротивно на мнозинската волја на народот.

-Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процеот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфета, но знајте дека немате 2/3 мнозинство за менување на Уставот – рече Вељаноски.

Договорот со Грција тој го нарече штетен, незаконски, нелегален и противуставен бидејќи, додаде, е наметнат и набрзина склучен, непотпишан од претседателот и необјавен во Службен весник.

-Народот ја победи пропагандата на власта со неизлагње на референдумот. Мнозинската волја на народот е императив, задолжителна одлука на секој пратеник која гласи дека референдумот е неуспешен и дека народот го отфрли штетниот Договор. Кога народот ќе одлучи, Собранието мора да ја почитува неговата волја – рече Вељаноски во 10-минутното обраќање и додаде дека Договорот не извира од македонските интереси туку дека е наметнат од друга страна

Поврзани новости