Продолжуваат градежните активности кај Мајчин дом во Аеродром

by fokus

И покрај вчерашните протести на жителите на Аеродром и останатите граѓани на Скопје против изградба на висококатница кај Мајчин дом, денеска продолжија градежните активности.

Инцијативата „Сакаме Аеродром да дише“ денеска објави нов видео-запис, на кој се гледа дека багерите работат во полна пареа, а најавен е нов протест денеска, исто во 17 часот.

Не престануваат

Инвеститорот и утрово продолжи со активности. Нашата порака не беше разбрана, затоа се гледаме повторно на протест! Во 17 часот на раскрсницата кај Мајчин дом!

Publiée par Сакаме Аеродром да дише sur Mercredi 10 octobre 2018

Поврзани новости