502
74-годишна бабичка е тешко повредена откако била удрена од возило вчера попладнето на улицата „Арсени Јовков“ во Скопје. Возачот кој ја удрил веднаш потоа избегал од местото на несреќата.
„На 02.02.2019 година во 15.50 часот на улица „Арсени Јовков“ во Скопје, непознато патничко возило, управувано од непознат возач удрило во пешакот Л.Ш.(74) од Скопје и го напуштил местото. Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од полицијата.