810
Полицијата го уапси Дритон Ферати, по кој се трагаше во врска со престрлката во Мала Речица, каде едно лице загина, а двајца се повредени. Како што велат од полицијата Ферати е приведен и однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
На Ферати му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, како и на 11 други. Против сите се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „убиство“, „убиство во обид“ и „соизвршителство“.
Меѓу осомничените е и Флорим Мисини кој беше сериозно повреден, но кој преживеа откако му беше извршена операција на КАРИЛ. Тој се опоравува на интензивното одделение на Клиниката, поради што не може да ја издржува мерката притвор.
М.В.