Заев најави социјална помош од 11.500 денари следната година

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, најави дека до 1-ви јануари 2019 година просечната социјална помош од 4.200 денари може да ја достигне висината од 11.500 денари. Како што изјави Заев во интервју за МИА на ваквиот можен скок на социјалната помош укажуваат анализите на владините политики во комбинација со економскиот раст.

-Паралелно, во истиот период, до 1 јануари 2019 година, имаме намера да го стабилизараме пензискиот фонд за да се гарантираат пензиите, и нивниот соодветен раст, на активните, како и на сите идни пензионери – посочува Заев.

Набројувајќи ги капиталните инвестиции на Владата, Заев потсетува дека е започната изградба, реконструкција и рехабилитација на патната инфраструктура во должина од 800 километри и со вредност од 270 милиони евра. Целата градежна оператива, вели тој, ќе работи буквално на целата територија на државата.

Освен тоа, додава Заев, Владата одлучила системот хидроцентрали Чебрен и Галиште да го гради само со домашно финансирање и со домашни компании.

-Отпочнува реализацијата на два џиновски проекти секој од по 200 милиони евра во Скопје. Едниот е проектот на просторот на поранешниот Скопски Саем, и другиот на големата турска компанија Лимак. Ние се определивме да им даваме поддршка на ваквите проекти заради градежните компании, а не на проекти за споменици и фасади. ИГМ и нивниот индиски партнер градат фабрика за ладно валање во вредност од 60 милиони евра, која е еколошки комплетно заокружен проект. Заокружен е проект во вредност од 50 милиони евра за фотоволтаици без фидинг тарифа, односно без дополнителни пари од државата. Кон крајот на годината ќе отпочне изградбата на нови ветерници од 36 мегавати, ЕЛЕМ ќе гради уште два такви комплекса од ветерници од по 15 мегавати кај Богданци – посочува премиерот воинтервјуто за МИА.

Поврзани новости