Спасен му е животот на 22-годишниот Мисини кој беше повреден во Мала Речица

by fokus

22-годишниот Флорим Мисини кој по престрелката во Мала речица беше пренесен во Ургентниот центар во Државната болница „Мајка Тереза“, е надвор од животна опасност. На Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување му бил извршен оперативен зафат и докторите успеале да му го спасат животот.

Од КАРИЛ за „Фокус“ велат дека Мисини бил донесен на клиниката со сериозни повреди и во животна опасност.

„Завчера околу 19.30 часот е примен 22-годишниот пациент. Извршени му се дијагностички процедури при што беше утврдено дека има повреда на лева аксиларна артерија. Повредата е санирана со оперативна интервенција. Пациентот е во стабилна состојба и се опоравува од повредата“, велат од КАРИЛ.

Во престрелката загина едно лице, а двајца завршија со повреди. Во меѓувреме од полицијата соопштија дека случајот е расчистен и дека е поднесена кривична пријава против 12 лица. На сите им е одредена мерка притвор од 30 дена.

Поврзани новости