447
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(68) од село Пршовце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Како што информираат од полицијата, А.А. на 09ти август годинава околу 12,30 часот во село Пршовце, после вербална расправија со Е.И. и А.З., вработени во хуманитарно здружение од Тетово, извадил пиштол за светлосно звучна сигнализација марка „Екол“, при што го репетирал и го вперил кон оштетените. Хуманитарците избегале и се скриле.
По одредено време, пријавениот бил забележан од полициски службеници, коишто по извршениот преглед, му го одзеле пиштолот и рамката со девет куршуми за сигнализација.