Исчезнале две девојчиња од Велес и Прилеп

by Fokus

Четиринаесетгодишно девојче исчезнало пред два дена, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 05 ноември во 01,40 часот во велешката полициска станица Р.Д.(38) од Велес пријавил дека на 04 ноември околу 23,00 часот од семејната куќа се оддалечила неговата 14 годишна ќерка.

Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Исто така, според информации од полицијата, вчера во 20,40 часот во Полициска станица Прилеп, Ш.Џ.(27) од Прилеп, пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 12 годишна ќерка.

Поврзани новости