Србин настрада од тројца автостопери, прифатил да ги превезе со неговиот камион, а овие го ограбиле

by fokus

Тројца гостиварчани се уапсени за разбојништво и одредена им е мерка притвор од 30 дена откако нападнале и ограбиле 48-годишен Србин со иницијали Г.С. кај наплатната станица во Гостивар. Како што соопштија од полицијата настанот се случил во петок околу 20 часот и разбојништвото е веќе расчистено и поднесени се кривични пријави.

„Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави за М.Х.(33) и Љ.Х.(27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј.(42) од гостиварски Равен. Осомничените, на 25 октомври, во близина на наплатна станица на автопатот Гостивар-Тетово, замолиле едно лице – српски државјанин, да ги превезе со неговиот камион марка Сканиа како автостопери. Кога се качиле во кабината на камионот, едниот од осомничените физички го нападнал оштетениот, удирајќи го неколкупати во пределот на лицето и нанесувајќи му телесни повреди. Потоа, му се заканил со нож дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетениот. Сите тројца пребарувале по кабината на камионот и од една од преградите одзеле паричник во кој имало околу 9.000 српски динари, 50 евра, како и кредитна картичка“, соопштија од Обвинителството.

Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости