Верушевски бара 70.000 евра од државата поради притвoрот во случајот „Пуч“

by Фокус

Поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета од државата во висина од 71.000 евра државата по судски пат поради 344 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објавија медиумите.

Како што е познато, тој беше притворен веднаш откако стана јасно дека постојат политички бомби во рацете на Зоран Заев, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.

Подоцна, за оружјето беше ослободен, додека обвинението за „Пуч“ го повлече специјалната обвинителка Катица Јанева, со што тој стекна право за отштета од државата.

Поврзани новости