Скопјанка изгубила контрола над „мерцедесот“ и излетала од патот, тешко повреден совозачот

by fokus

43-годишен маж со иницијали М.М. е тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот од село Миладиновци до Илинден кога 38-годишната В.М. од Скопје, која го управувала „мерцедесот“ во кој се превезувал како сопатник, изгубила контрола над возилото и излетала од патот.

„На 02.08.2019 година во 02:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Миладиновци-н.Илинден В.М.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес „Ц 200“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(43) кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а В.М. се здобила со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости