Портал ќе го тужи Забрчанец и ќе бара 3 милиони денари отштета

by fokus

Порталот Инфомакс каде беше објавено видеото од Мечкин Камен, каде наводно група граѓани скандирале „Северна, Северна“ најавува тужба против советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, кој тврди дека веста за скандирањето е срамна монтажа.

Порталот бара извинување од Забрчанец, во спротивно ќе покрене тужба и ќе бара отштета во износ од 3 милиони денари. Тужбата ќе биде покрената и против советникот за медиуми во Владата, Петрит Сарачини.

Забрчанец претходно за видеото рече дека е срамна монтажа која ја шират дезинформаторите и во која лажат дека граѓаните наводно скандирале “Северна Северна” на Мечкин Камен.

„Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото“, напиша Забрчанец.

Поврзани новости