Професорката Гордана Силјановска, која е потенцијален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, го поздравува потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, но вели дека ова не е време за еуфорија.
Според неа денешното потпишување е резултат на долгогодишни напори на повеќе влади и бројни воени контингенти кои учествуваа во операциите на Алијансата.
„Иако денешниот чин претставува исправање на неправдата којашто ни беше нанесена на самитот во Букурешт, сепак не смееме да заборавиме дека ова не е време за еуфорија. Цената која ја плативме и ќе ја плаќаме во иднина е висока. Една неправда е заменета со друга, а наградата ќе има смисла само доколку претставува чекор кон целосна европска интеграција, т.е. зачленување во ЕУ преку целосно исполнување на сите критериуми.
Пред нас е долг пат на реформи, кои мораат да започнат дома и да се имплементираат заради нас самите!, напиша Силјановска.
Денешното потпишување на пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО е резултат на долгогодишни…
Publiée par Gordana Siljanovska Davkova sur Mercredi 6 février 2019