Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, вели дека неговите образовни квалификации се приватна работа, откако Димитар Апасиев од Левица објави дека Рашковски нема два докторати како што навел во својата биографија. Според Апасиев, Рашковски пласирал лажен податок за своето образование. Тој вели дека владиниот генерален секретар во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена одлука за прифатена тема за докторска дисертација.
Освен што вели дека е приватна работа, Рашковски додава дека во самата објава на Апасиев на фејсбук стои одлуката дека неговата тема е помината.
-Тоа е приватна работа. Барем не ги оспорува 3-ти магистратури и 1 докторат и 8 патенти и нека ја оспори утрешната награда Амбасадор на знењето од Словенија. Само да не го оспори сребрениот медал и златната статуетка од светскиот саем за иновации – вели Рашковски за „Фокус“.
Генералниот секретар на Влада на Република Македонија лажел дека има ДВА ДОКТОРАТА!Драги Рашковски, кој на функцијата…
Publiée par Димитар Апасиев sur Lundi 4 juin 2018