Завршил во болница по напад на глутница бездомни кучиња

by fokus 12:17
12:17

Гостиварец завршил во болница откако синоќа бил искасан од бездомни кучиња на неколку места по телото.

Според СВР Тетово, каде што бил пријавен случајот, Д.М. (27) додека се движел околу 23 часот низ паркот спроти Средното општинско економско училиште, бил нападнат од петнаесетина кучиња бездомници. Три од чопорот се нафрлиле на него и го собориле на земја и при тоа го гризеле во долниот дел од грбот.

- Advertisements -

Откако успеал да се оттргне и да избега, Д.М. се упатил во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош.

Од почетокот на годинава, регистрирани се петнасетина вакви случаи.

Поврзани новости