Повлекувањето на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, од акционерското собрание на Телеком, каде ја претставуваше Владата, е од технички причини, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
-Владате смета дека имајќи го предвид обемот на активности, советникот за правда на премиерот соодветно ќе одговори на оваа позиција. Се работи само за замена од технички аспект – рече Бошњаковски.
На неговото место е поставена Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.
Бошњаковски не сакаше прецизно да одговори зошто е донесена одлуката со која Рашковски се отстранува од Телеком.
-Рашковски е само заменет, технички аспект е, наместо тоа лице доаѓа ова лице – одговори тој на новинарско прашање.
Поставување на Рашковски во Телеком од почетокот го следат низа контроверзии. На неговото назначување беше потпишан самиот тој, со што произлезе дека генералниот секретар се назначил самиот себе за претставник од Владата. Освен тоа, членови на Акционерското собрание недомна до „Фокус“ се пожалија дека на седниците Рашковски се однесувал деспотски, како што рекоа, и дека не им дозволил на учествуваат во седниците.