Телефонска линија за пријавување непрописно паркирани возила во Центар

by Fokus

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број: 077 410 002.

По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Оваа активност, како што соопштуваат од ова претпријатие, е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ која има за цел а се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Поврзани новости