Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зеќир Рамчиловиќ, кој беше исклучен од партијата по гласањето за отворање на Уставот, уверува дека одлуката ја донел без притисоци. Информациите за закани и поткуп на пратениците, вели дека се шпекулации и клевети.
-Наместо да се разбудиме во еден почеток на хаос, Македонија се разбуди со почеток на решавање на кризата. Тоа се вистинските причини за гласањето и нашата одлука е последица на таквите напори донесена без никакви притисоци од било кого туку како наша слободно изразена волја врз основа на политичката одговорност која ја имавме во овој судбоносен момент за нашата држава. Сето останато се шпекулации и смислени клевети кои нема да поминат несанкционирани – изјави Зеќир Рамчиловиќ, пренесе ТВ21.
Пратениците од опозицијата кои гласаа „за“, негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добиваат.