Приведена мајката на Пино, извикувала „Македонија!“ на плоштад

by fokus

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, денеска била приведена на плоштадот во центарот на Скопје и однесена во полициската станица Беко. Со неа се приведени уште две лица.

Според изјава на Трпковска, била приведена затоа што извикувала „Македонија“ на плоштадот. За време на приведувањето таа порача „Ова е диктатура“.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Трпковска и уште две лица биле уапсени затоа што го нарушувале јавниот ред и мир. Според МВР, приведените ги попречувале и полициските службеници при вршење на нивната работа за време на НАТО вежбата „Одлучен удар“.

Поврзани новости