Приведен жител на Бучим, осомничен дека грабнал и силувал 18-годишна девојка

by fokus

30-годишен жител на радовишкото село Бучим е приведен вчера и задржан во полициската станица во Штип. С.С. се сомничи дека грабнал и силувал 18-годишна девојка од селото Јунузлија.

„Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило Ј.А.(18) од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим. Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од полицијата.

Поврзани новости