Момче излетало со автомобил од „Јадранска магистрала“ и веднаш хоспитализирано на Клинички центар

by fokus 15:26
15:26

23-годишно момче е хоспитализирано во Клинички центар, откако се здобил со тешки телесни повреди по излетувањето со неговиот автомобил од пат.

„На 01.11.2018 година околу 21.40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, Е.Т.(23) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел. Притоа, Е.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извешила екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости