Кандидатот за претседател на над триесет партии, Стево Пендаровски, вели дека ќе го прифати повикот за ТВ дуел на противкандидатот, Гордана Силјановска, која веќе два дена инсистира на телевизиско соочување. Пендаровски за сега на навлегува во реториката со која се служи Силјановска и додава дека телевизиски ќе се конфронтира со неа во рамки на изборната кампања.
-Се разбира дека ќе има дуел, помина времето на Груевски кој 11 години одбиваше дуели. Јас учествував во таков дуел и пред 5 години, нема причина сега да одбијам. Но, тоа ќе се случи во рамки на кампањата која почнува од први април – изјави Пендаровски за „Фокус“.
Силјановска викендов го повика Пендаровски на ТВ дуел и од „Куба либре бич“ со чаша црвено вино.
„Рок музика, одлично друштво и една идеја да отворам Твитер….и тука го чекам Стево на дуел…секаде…во секое време!“, напиша таа на фејсбук.